Премиерот Христијан Мицкоски му упати честитка на Марк Руте за неговиот избор како нов генерален секретар на НАТО.
Во својот статус на мрежата Икс (поранешен Твитер), Мицкоски го истакна значењето на лидерството на Руте во овие предизвикувачки времиња и изрази подготвеност за соработка во зајакнувањето и зголемувањето на капацитетите на Алијансата.
-Честитки Марк Руте за назначувањето како следен @nato #SecGen. Вашето лидерство во овие предизвикувачки времиња ќе биде од најголема важност. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за посилна и поподготвена Алијанса. #WeAreNATO #StrongerTogether,“ напиша Мицкоски.
Оваа изјава на Мицкоски доаѓа во момент кога НАТО се соочува со бројни глобални предизвици, нагласувајќи ја важноста на соработката и единството меѓу сојузниците.