Николоски потенцираше дека Спасовски чиј ресор направи голема набавка на ИТ опрема нема никаков кредибилитет да дава вакви идеи.
„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токмо во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик коишто се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, потенцираше Николоски.