Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари работен брифинг со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски.
Ѓурчиновски го информирал министерот за тековните активности, планови и приоритети кои се однесуваат Армијата.
-Разговаравме за следните чекори во поглед на модернизацијата на Армијата, опременоста и стандардот на припадниците кои го даваат својот максимум во заштитата на националната, регионалната и безбедноста на Алијансата, објави Мисајловски.