Принцезата Ана, сестра на кралот Чарлс Трети, претрпе „лесни повреди и потрес на мозокот“ по инцидент во неделата вечерта, соопшти Бакингемската палата.
-Принцезата Ана се здоби со полесни повреди и потрес на мозокот по инцидентот во паркот Геткомб синоќа, објави Скај њуз.
Се верува дека повредите ги здобила по удар од коњ.
Кралот е информиран за повредите на принцезата Ана и се придружува на остатокот од кралското семејство во посакувањето „брзо закрепнување“.
-Нејзиното кралско височество останува во болницата Саутмед, како мерка на претпазливост за набљудување и се очекува целосно и брзо закрепнување. Кралот е информиран и се придружува на целото кралско семејство во испраќањето на најтопла љубов и најдобри желби за брзо закрепнување“ се додава.
Принцезата Ана (73) е помладата сестра на кралот Чарлс III.