Кошарка

Лука Дончиќ и со една нога ќе игра за Словенија

Лука Дончиќ и со една нога ќе игра за Словенија

Лука Дончиќ имаше проблеми со повреди во текот на регуларниот дел од сезоната и плеј-офот, но според генералниот директор на Далас, Ник Харисон ќе игра за Словенија.

„Репрезентацијата е веројатно една од неговите најголеми радости. Сè додека може да оди, веројатно ќе игра за Словенија. Тоа се моите предвидувања“, рече Харисон.

Словенија ќе настапи на квалификацискиот турнир во Пиреја, каде најголеми ривали се Грција и Хрватска. Натпреварите започнуваат на 2 јули и траат до 7 јули.

To top