Македонија змија

Момче каснато од змија отровница, надлежните апелираат на внимателност

Покрај непријатните средби, зачестуваат и каснувањата од змии во урбана средина. Двајца граѓани каснати од отровници во Скопје, објави Канал 5.

Момче каснато од змија отровница, надлежните апелираат на внимателност

Покрај непријатните средби, зачестуваат и каснувањата од змии во урбана средина. Двајца граѓани каснати од отровници во Скопје, објави Канал 5.

Првиот случај е во близина на скопска кафеана покрај Вардар, а вториот и посвеж случај е во центарот за обука во Идризово, каде младо момче и иден полицаец бил нападнат од змија за време на тестирањата, за среќа и првиот и вториот случај се завршиле без посериозни последици, велат од итната медицинска помош.

-Ова е каснување од змија во центарот за обука во Идризово, оние што се идни полицајци, кога одат на тестирање, помлад пациент, за среќа со полесни последици, веднаш е однесен и примил серум антивиперин, однесен е на инфективна клиника, без некакви потешки последици за понатамошното здравје. Да, од отровница е каснат.- Ѓорѓи Карамановски – Специјалист по медицина/Итна медицинска помош

За каква змија точно станува збор не е познато, но според експертите во областа веројатно каснувањето е од поскок, бидејќи од отровниците единствено тој може да се забележи во градските средини, за разлика од шарката, која живее во планинските предели. Богољуб Стеријевски, експер во областа вели ниту една змија во земјава не е опасна по живот доколку соодветно се постапи, а најбитна од се по несакана средба е смиреноста, а објасни и како да се препознае дали каснувањето е од отровна змија.

-Има доволно време да се отиде до најблискиот медицински центар, немаме ние змии каде што во други земји во светот каде што во неколку минути или часови би зависел нашиот живот. Кај поскокот, најважно е да останеме смирени затоа што секоја возбуда ја забрзува работата на срцето, а со тоа се дистрибуира отровот многу побрзо низ нашето тело. Неговиот отров е хемотоксичен и делува на крвта и крвните елементи, ги разложува крвните садови, па оттаму се јавуваат и веднаш отоци на местото на каснување. По минута две се забележуваат првите знаци на интоксикација, а веќе 10 минути подоцна се забележува отоко на местото каде што сме каснати. – Богољуб Стеријовски – Херпетолог

Се почести се видувањата на змиите, но и реакциите на инситуциите… Сепак според Стеријовски нема повеќе змии, туку има високи температури кои им го ограничуваат движењето, па повеќето од нив излегуваат кога е посвежо и затоа се и позабележителни.

-Не станува збор за наезда, како што пишуваат некои портали, туку станува збор за појавност. Причината за овој месец сега е затоа што во последниве 10тина дена имаме екстремно високи температури кои надминуваат 35 степени со тоа што го ограничува активниот период на змијата во текот на денот. Затоа излегуваат наутро и навечер и луѓето почесто ги гледаат и излегува дека има повеќе змии.

Што се однесува до препораките, при каснување, да не се пие вода, да не се движи и да се остане смирен, за да биде посмирена и циркулацијата на крвта и прогресот на отровот. Она што е ново, е дека не треба да се подврзува над каснатото место, бидејќи во паника може да се стегне премногу бидејќи запирањето на крвотокот може да доведе и до последици по животот.

Во земјава има 16 видови на змии, а 5 од нив се отровни. Станува збор за шарката, остроглава шарка, длабокочелен смок, мајча змија и поскокот кој има најсилен отров.

Најнови вести од Македонија

To top