Познати

ПОЧИНА ДОНАЛД САТЕРЛЕНД: Тажната вест ја објави синот на познатиот актер

Иако Доналд никогаш не доби Оскар за време на неговата славна кариера, тој доби почесна награда на Академијата во 2017 година.

ПОЧИНА ДОНАЛД САТЕРЛЕНД: Тажната вест ја објави синот на познатиот актер

По долго боледување на 88-годишна возраст почина познатиот канадски актер Доналд Сатерленд.

Веста за неговата објави ја откри неговиот син Кифер, кој на Х се огласи со потресни зборови.

-Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улоги, без разлика дали се тие добро, лошо или грдо, објави Кифер.

Доналд ги имаше Кифер и неговата сестра близначка Рејчел во бракот со поранешната сопруга Ширли Даглас, со која живееше од 1966 до 1970 година.

Познат е по улогите во „Klute“, „Ordinary People“, „Hunger Games“, „M*A*S*H“, и други филмови.

Студирал глума на Универзитетот во Торонто и на Кралската академија за драмски уметности пред да го направи своето актерско деби во Замокот на живите мртовци во 1964 година.

Иако Доналд никогаш не доби Оскар за време на неговата славна кариера, тој доби почесна награда на Академијата во 2017 година.

To top