Свет На социјалната мрежа Х

Белата куќа го обвини Илон Маск дека промовира антисемитизам

– Тоа е затоа што тие не можат, според нивните сопствени принципи, да ги критикуваат малцинските групи кои претставуваат главна закана за еврејскиот народ, додаде тој.

Белата куќа го обвини Илон Маск дека промовира антисемитизам

Белата куќа денеска го обвини Илон Маск дека промовирал антисемитизам и расизам во негова објава на социјалната мрежа Х.

Маск на еден корисник кој напиша на X дека Евреите поттикнуваат „омраза против белците“ му одговорил дека „зборува целосна вистина“.

Белата куќа истакнува дека постот се залага за „теорија на заговор“, популарна меѓу белите националисти, која тврди дека Евреите имаат таен план да предизвикаат илегална миграција во западните земји.

По оваа теоријата се водеше и стрелецот во синагогата во Питсбург во 2018 година, кој уби 11 луѓе.

– Неприфатливо е да се повтори грозоморната лага што доведе до најсмртоносниот чин на антисемитизам во американската историја, рече портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс во изјава во врска со нападот.

Маск исто така напиша дека Лигата против клевета (ADL), организација која се бори против антисемитизмот, „неправедно го напаѓа Западот иако мнозинството на Запад“ ги поддржува Евреите и Израел.

– Тоа е затоа што тие не можат, според нивните сопствени принципи, да ги критикуваат малцинските групи кои претставуваат главна закана за еврејскиот народ, додаде тој.

АДЛ е една од невладините организации која го осуди забележливото зголемување на дезинформации и хомофобични и расистички навреди на X, откако со доаѓањето на Маск правилата за умереност се сменија на социјалната мрежа. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top