Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а потоа Албанците изедначија со гол во 95.минута.
Штета е што она што по натпреварот тема не е играта на двата тима туку случувањата кои немаат врска со фудбалот.
Во текот на мечот, здружени, албанските и хрватските навивачи викаа: „Убиј, убиј го Србинот“, а уште поголем скандал предизвика албанскиот репрезентативец, Мирљинд Даку по завршувањето на натпреварот.
Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика „Е..ш Македонци“. и
Претходно за време на турнирот, камерите снимија и тетоважа на грбот на Даку, која ја покажува неговата почит командант на УЧК кој загина во 1999 година.
Сигурно е дека Даку за овој испад ќе биде казнет од УЕФА.
Ooo qifsa maqedonën pic.twitter.com/CWwAi5sqAq
— 𝗦𝗼𝗹𝗮𝗿𝗻𝗶𝗸® 🪬 (@SolarNik) June 19, 2024