Италијанците се покажаа како големи домаќини на денешниот натпревар против фудбалската репрезентација на Македонија.
На нивна покана, македонскиот оперски пејач Благој Нацоски пред полниот стадион „Олимпико“ ја испеа гордо македонската химна.
За Нацоски ова беше вторпат да ја пее химната на Македонија на еден фудбалски натпревар. Првиот пат тоа го направи во 2016 година во Скопје.