Прослава во таборот на српската фудбалска репрезентација. Додека се подготвуваат за натпреварот од второто коло од групата Ц со Словенија (четврток, 15 часот), во кампот на „Орлите“ пристигнаа штркови.
Резервниот голман Ѓорѓе Петровиќ стана татко. Неговата сопруга Џина се породи, а среќните родители добија ќерка. Името на бебето засега не и е познато на јавноста.
Петровиќ имаше одлична година зад себе. Минатото лето пристигна во Челзи, а во текот на сезоната се наметна пред голот на „сините“ каде забележа 23 настапи.