Македонија тажна вест

Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

На 17 јуни на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско.

Почина новинарот Иван Андреевски – Маче

На 17 јуни на 77 годишна возраст ненадејно почина новинарот Иван Андреевски – Маче. Роден е во 1947 година во Доленци, Демирхисарско.

Андреевски својата кариера ја почнува во Радио Телевизија Скопје, веднаш по завршувањето на факултетот за политички науки во Белград во 1971 година, како новинар во документарната редакција, работејќи на репортажи, документарни филмови и фељтони. Бил директор и одговорен уредник во Радио Телевизија Скопје од 1986 до 1990 година, бил ангажиран и како дописник на Ројтерс, Радио Слободна Европа и Јутел, а своевремено член и претседател на Советот за радиодифузија. Продолжува да ја гради професијата Македонската радио телевизија, основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Од 1997 до 2006 година бил претседател на Здружението на новинари на Македонија, а добитник е и на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“.

Погребот ќе биде на 21 јуни, во неговото родно село Доленци.

To top