После посетата на Собранието на Република Македонија, во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, учесниците на конференцијата на YEPP имаа можност да бидат дел од работилницата под наслов “2024 Year of Elections”.
Работилницата беше предводена од Викторија Трајков советник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО ДПМНЕ и Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата, самата работилница беше под покровителство на Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje.
-Учесниците имаа одлична можност да се запознаат, а потоа и да применат различни стратегии за креирање на успешна кампања, информира лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.