Натпреварот се игра од 21:00 часот, а организаторите за овој натпревар воведоа посебни безбедносни мерки.
Имено, поставени се кафези кои се нарекуваат „ќелии за трезнење“ и тие може да примат до 100 луѓе. Тие се поставени со цел да се избегнат инциденти со оглед на насилството низ историјата на овие две селекции.
Исто така ангажирани се дополните 150 полицајци кои ќе се распоредат околу стадионот. На помош пристигнала и англиската специјализирана фудбалска полициска единца.
Медиумите пренесуваат дека толку се водело грижа што и околу стадионот пред и за време на натпреварот ќе може да се купи само пиво со намалено количество на алкохол.