Денеска (15.06.2024) во 00.36 часот во СВР Штип, С.Р.(23) од Штип пријавил дека на 14.06.2024 во периодот од 22.40 часот до 00.00 часот во светларник од неговата куќа пронашол зрно од огнено оружје, соопштија од МВР.
-Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а зрното било подигнато за понатамошна постапка, стои во денешното соопштение на Министерство за внатрешни работи.