Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, денеска изјави дека добро напредува во превентивната хемотерапија.
„Добро ми е, но како што знае секој кој оди на хемотерапија, има добри и лоши денови. Во лошите денови се чувствувате слабо, уморно и имате потреба да се одморите. Но, во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакам да го извлечам максимумот од тоа добро чувство“, рече Мидлтон во писмената изјава, пред утрешното прво појавување во јавноста откако објави дека боледува од рак.
Таа изјави и дека нејзината терапија ќе продолжи уште неколку месеци и дека уште не е надвор од животна опасност, но дека со нетрпение чека да присуствува на роденденската парада на кралот Чарлс Трети.
„Учам како да бидам внимателна, особено со несигурностите. Го земам секој ден како што доаѓа, го слушам моето тело и си дозволувам да го одвојам тпотребното време за да заздравам“, рече Кејт.