Соединетите Американски Држави и Турција работат заедно во борбата против мрежата за трговија со луѓе поврзана со милитантното движење Исламска држава, соопшти денеска американското Министерство за финансии.
„По тесно координирана истрага со Анкара, Вашингтон воведе санкции за четири лица, од кои три беа вклучени во мрежа за шверц на луѓе“, се вели во соопштението, додавајќи дека Турција презела акција и против споменатата мрежа.
Во соопштението не се наведува колку долго групата била активна или колку луѓе прошверцувала. (МИА)