Македонија Сител

Спасеновски: Со политичкиот легитимитет кој што го доби, ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да гради сојуз со ДУИ

Тој при своето гостување се осврна и на Законот за организација и работа на органите на државната управа со што нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори многу јасно настапи пред граѓаните и ова сега што се прави од страна на владејачката партија беше дел од изборната кампања.

Спасеновски: Со политичкиот легитимитет кој што го доби, ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да гради сојуз со ДУИ

„Политичкиот легитимитет кој што го доби ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ВЛЕН и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски е толку голем што практично ВМРО-ДПМНЕ нема потреба од градење на нови политички сојузи особено со ДУИ за да создаде политички мнозинство кое што ќе овозможи да оствари одредени политички потези“, заклучи универзитетскиот професор Александар Спасеновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

-Имено, како што знаеме и во моментов без никаква соработка на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ политичкото мнозинство во Собранието е 2/3 или близу до 2/3 од вкупниот број на пратеници“, појасни тој. Спасеновски додаде дека многу е јасен распоредот на силите во македонското Собрание, на една страна е ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата ВЛЕН и ЗНАМ, а на друга страна е СДСМ, ДУИ и Левица. „Оваа поддршка која што ВМРО-ДПМНЕ ја доби од страна на дел од пратеници на ДУИ може да се толкува единствено во смисла на тоа дека сите партии од владејачката позиција и дел од опозициски партии поддржуваат определен политички концепт кој што доби огромно мнозинство, рече Спасеновски.

Тој при своето гостување се осврна и на Законот за организација и работа на органите на државната управа со што нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори многу јасно настапи пред граѓаните и ова сега што се прави од страна на владејачката партија беше дел од изборната кампања.

-Tоа значи дека граѓаните на овие избори дадоа огромен легитимитет на заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на определени реформски чекори во државата вклучувајќи го ова за реорганизација на министерствата, рече тој.

Најнови вести од Македонија

To top