На 09.06.2024 во 18:10 часот во СВР Скопје, М.В.(75) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот во дворот на семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение и нарушени соседски односи, бил физички нападнат од соседот А.Р.(23) од Скопје.
Насилниот сосед подоцна му оштетил и прозорец од домот.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.