Македонија опасност за граѓаните

ФОТО: СЕ УРНА ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА – Институциите година ипол ништо не превземале

Ангелов истакнува дека од ЦУК во повеќе наврати се испратени дописи до Министерството за здравство, Градот Скопје, Општината Центар и МВР.

ФОТО: СЕ УРНА ПОТПОРНИОТ ЅИД НАД ДЕТСКА КЛИНИКА – Институциите година ипол ништо не превземале

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска информира дека се урнал дел од потпорниот ѕид над Детската клиника во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Ангелов истакнува дека од ЦУК во повеќе наврати се испратени дописи до Министерството за здравство, Градот Скопје, Општината Центар и МВР.

Screenshot

-За жал, една ипол година подоцна не е превземено ништо, состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано утринава добивме пријава на 112 дека дел од овој ѕид е срушен. Прашање на ден, а можеби и на час е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот каде се паркираат возила, а се движат и луѓе кои влегуваат во кругот на Државна болница, посочи Ангелов.

Директорот на ЦУК апелира институциите итно да се зафатат со надминување на оваа опасност за граѓаните.

Screenshot

-На улицата постои систем од шахти и подземни канали чија сопственост не можеме да ја утврдат, а се во лоша кондиција. Не ја собираат подземната вода, која избива на улицата и дополнително го поткопува ѕидот, вели Ангелов.

Првата пријава до ЦУК за лошата состојба на ѕидот била во ноември 2022 година, по што Ангелов вели дека дописи од нивна страна до институциите биле веднаш испратени.

To top