Свет

Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија

На изборите за Европскиот парламент вчера излегоа само 21,34 отсто од хрватските гласачи, што значи помалку од секој четврти и помалку од европските избори во 2014 и 2019 година.

Избори ЕП: Во Хрватска најмала излезност, најголема во Белгија

Со излезност од околу 21 отсто, Хрватска е земјата чии гласачи беа најмалку мотивирани да ги изберат своите европратеници, јавија француски медиуми повикувајќи се на резултатите објавени од ЕУ утринава.

На изборите за Европскиот парламент вчера излегоа само 21,34 отсто од хрватските гласачи, што значи помалку од секој четврти и помалку од европските избори во 2014 и 2019 година.

Следна според нискиот одѕив е Литванија со 28,9 отсто од гласачите, а по неа е Бугарија со 31,8 отсто.

На листата води Белгија со најголема излезност – 89,2 отсто, а по неа следат Луксембург (82,3 отсто) и Малта со 72,8 отсто.

Меѓу земјите од ЕУ задолжително гласање е и во Белгија, Луксембург, Грција и Бугарија.

Хрватска, со 3,8 милиони жители, испраќа 12 пратеници во Европскиот парламент, дека конзервативната десничарска Хрватска демократска заедница (ХДЗ) доби најмногу гласови – 34,6 отсто, обезбедувајќи шест пратенички места. На второ место се социјалистите СДП со четири пратеници и 26 отсто од гласовите.

To top