Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на денешниот натпревар во Келн со кој ќе биде заокружена сезоната во ракометната Лига на шампиони.
Дуелот во „Ланксес Арена“ меѓу Алборг и Барселона ќе биде прво финале во елитното натпреварување во кариерата на двојката Начевски – Николов.
Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.
На завршниот „Фајнал фор“ турнир во Келн, Германија од 15 часот е средбата за третото место во која се среќаваат германските екипи Магдебург и Кил.