Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за непрописно престројување при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.