Откако неодамна во медиумите и на социјалните мрежи се појавија гласини за нејзината бременост, Лејди Гага реши да проговори.
Имено, пејачката за време на викендот се појавила заедно со партнерот Михале Полански на пробата на свадбата на нејзината сестра, а ден подоцна и на свадбата.
Лејди Гага за свадбената проба на нејзината сестра носеше тесен црн фустан каде што беше нагласен нејзиниот стомак, поради што многумина се посомневаа дека е бремена.
lady gaga at her sister’s wedding. pic.twitter.com/oh8gLlbozO
— pop culture (@gagasyuyi) June 3, 2024
Но, Лејди Гага ги демантираше гласините преку нејзиниот профил на TikTok.
-Не сум бремена, само лоша сум во теретана, напиша таа во описот на видеото додека насмеано позира пред камерата.
@ladygagaregister to vote or check if you’re registered EASILY at www.headcount.org♬ I AM THE AESTHETIC _yaesthetician – yas 💚🌻🍭🫧
Инаку, пејачката претходно за медиумите изјави дека еден ден би сакала да стане мајка.
За потсетување, Лејди Гага е во врска со Мајкл Полански од 2019 година, иако официјално ја објавија својата врска во 2020 година. Во март 2023 година имаше гласини дека парот ја прекинал врската поради несогласувања околу бракот и децата, но сепак тие ги демантираа гласините во октомври истата година.