Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство.
Двајца од нив се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање. Од декември 2023 година, во координирани активности на повеќе полициски единици, по наредби на јавен обвинител, се преземаа истражни дејствија, кои во текот на вчерашниот ден резултираа со претреси на повеќе локации. Кај осомничените кои се на возраст меѓу 28 и 50 години, беше пронајдена наркотична дрога – кокаин, марихуана, како и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за три лица, како и предлог за мерки на претпазливост за уште тројца од осомничените, истакнуваат од ЈО