На денешен ден пред пет години, ракометарите на Вардар го направија еден од најспектакуларните пресврти во историјата на ракометот.
Во полуфиналето од Лигата на шампионите губеа и со седум разлика од каталонскиот гигант Барса во второто полувреме, но Стоилов, Дибиров, Милосављев, Карачиќ, Скубе и останатите „црвено-црните“ го фрлија на колена шпанскиот џин и славеа со 29-27. Понатаму се е историја…Потсетете се на тие моменти…