Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопштија од МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.