На 29.05.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.
При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.