Регион

Србија/Локални избори: Кандидатите привлекуваат внимание- Од дијагноза на Белград, до „невиден кандидат“

И покрај тоа што некои опозициски партии ги бојкотираа изборите, на некои ливчиња ќе има голем број кандидати, па партиите на различни начини се обидуваа да го привлечат вниманието на гласачите.

Србија/Локални избори: Кандидатите привлекуваат внимание- Од дијагноза на Белград, до „невиден кандидат“

Во недела, на 2 јуни, ќе се одржат локални избори во 90 градови и општини во Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад и Ниш. Она што ја одбележа оваа изборна кампања, која многумина ја сметаат за „млака“, се грст спотови на социјалните мрежи, но и „невиден“ кандидат за градоначалник, јави Н1.

И покрај тоа што некои опозициски партии ги бојкотираа изборите, на некои ливчиња ќе има голем број кандидати, па партиите на различни начини се обидуваа да го привлечат вниманието на гласачите.

На социјалните мрежи се појавија предизборни видеа – од стандардни, до интересни идеи, до малку бизарни – кои станаа полигон за политичка промоција пред изборите.

Од Двери прашуваа каков градоначалник сакаат Чачанките.

Партијата „Ние сме силата на народот“ во ТВ спот му даде дијагноза на Белград.

Опозицијата во Ниш повика да се оди на избори „доаѓајќи директно од моторот“.

Во видеото за СНС, најдобриот пријател на човекот водеше кампања.

Партијата за правда и помирување (СПП) се обиде да ги привлече гласачите во Белград со претставување на, како што велат, невиден кандидат за градоначалник. „Тој е како супер херој“, објави лидерот на СПП Усаме Зукорлиќ на својата презентација.

И како некој суперхерој од малите екрани, заедно со кацигата, која ја носеше во текот на изборната кампања, својот изглед го комплетираше со бела наметка. Кој се крие зад таканаречената Света не се знае, а за Н1 истакнуваат дека неговиот изглед воопшто не е необичен.

„Ев претседателот најавува во 2027 година на ЕКСПО дека ќе има летечки такси. Дали јас сум посоодветно облечен или некој што го гледате на улица секој ден за тоа летечко такси? Претпоставувам“, вели овој кандидат за градоначалник, јави медиумот. Како што наведува, можеби никогаш нема да го открие својот идентитет.

„Не е важно лицето, важно е што зборува таа глава, што има да им пласира на граѓаните. Додека вие гледате во нечие лице и ги анализирате цртите, тој веќе кажа пет реченици кои не сте ги ни слушнале. Сега да се фокусираме малку на тоа што оваа глава под оваа кацига има намера да каже“, додава тој.

А тоа што има да го каже, го претстави во 11 точки, кои се нарекуваат Свети правила, за кои вели дека се спроведливи.

Веќе в недела во вечерните часови ќе се знае која партија и колку ја доби довербата на гласачите и дали кампањата влијаела на изборниот резултат на некој од нив, ќе анализираат истражувачите на јавното мислење, наведува Н1.

To top