На улицата Тошин Бунар во Нов Белград се пронајдени човечки коски, кои според првичните информации му припаѓаат на 79-годишниот Д.Б., кој исчезнал пред осум години, пренесува Телеграф.
Коските биле пронајдени додека работниците ги копале темелите на куќата.
Набрзо на терен излегла и полицијата. Д.Д., син на исчезнатиот 79-годишен маж, им раскажал како татко му починал од природна смрт и дека потоа го закопал во дворот. Телеграф дознава дека синот го закопал телото на својот татко за да продолжи да ја добива пензијата.
За случајот е информирано Вишото јавно обвинителство во Белград. Истрагата е во тек, а обвинителството ќе побара против синот да биде поднесена кривична пријава за измама. Јавен обвинител изврши увид на лице место со полициски службеници и други надлежни служби.
Соседите се распрашувале за лицето, но синот рекол дека татко им е неподвижен и дека се наоѓа во домот.