Легендата на англискиот фудбал Вејн Руни е на чекор да седне на клупата на второлигашот Плимут, јави денеска агенцијата ДПА.
Според истиот извор, 38-годишниот поранешен англиски репрезентативец веќе ги договорил личните услови со клубот од Чемпионшип. Се очекува Руни да потпише тригодишен договор.
Поранешната легенда на Манчестер Јунајтед е без тренерски ангажман од средината на јануари кога доби отказ на клупата на Бирмингем.
Плимут сезоната ја заврши на 21. во англискиот Чемпионшип и избегна испаѓање во понизок ранг.