Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе ја брани титулата на Ф4-турнирот во кошаркарската Евролига
Кралскиот клуб во репризата на ланското финале во рамки на полуфиналето беше подобар од Олимпијакос со 87-76.
Муса со 20 и Хезоња со 12 поени беа најдобри кај Реал Мадрид, додека кај Олимпијакос , Питерс даде 23 поени, а Мекисик заврши со 17 поени.
Финалето меѓу Реал Мадрид и Панатинаикос се игра во недела од 20:00 часот.