Македонија Метеж се очекува и во недела, вечерта

НАД 12 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СЕ НА МОРЕ: На „Богородица“ се расчисти гужвата, но на овој граничен премин ХАОС, се чека повеќе од 30 минути за излез и влез! (ВИДЕО)

Метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени за викендите и за празниците.

НАД 12 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ СЕ НА МОРЕ: На „Богородица“ се расчисти гужвата, но на овој граничен премин ХАОС, се чека повеќе од 30 минути за излез и влез! (ВИДЕО)

Евидентна е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце. Утрово и на снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека колони возила чекаат на граничните премини.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.

– За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупен број на патници влез и излез е 15.838, граѓани, соопштија од МВР.

Во истиот период на ГП Табановце влегле вкупно 8.173, а излегле 10.049, вкупно 18.222 граѓани.

Граѓани за МИА велат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека најмалку половина час, но и нагласуваат дека сите ленти се во функција. На ГП Богородица пак, евидентно е зголемен метежот на возила за излез од земјава.

Метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени за викендите и за празниците.

Метеж се очекува и во недела, вечерта.

To top