Во организација на Јавната локална библиотека ,,Илинден”, а во соработка со воспитно-образовните установи, во Делчево за прв пат се организира натпревар по краснопис. Целта на натпреварот како што истакна директорката на библиотеката Биљана Петровска е подобрување на вештините на ракописно пишување кај децата.
-Одушевени од идејата на библиотеката во Прилеп, каде се организира натпревар по краснопис и ЈЛБ„Илинден“ – делчево одлучи да организира натпревар по краснипис. Учениците пишуваат се полошо и неразбирливо. Не внимаваат на краснописот, на интерпукциските знаци, пишуваат споено, употребуваат скратеници и бројки, место букви. Од тие причини, организирање натпреват по краснопис има повеќе од оправдани причини, истакна Петровска.
Меѓу главните цели на натпреварот како што додаде е учениците да користат кирилично писмо.
-Исто така натпреварот ќе опфати пишување кирилично писмо со молив и правилнна интерпукција. Право на учество имаат сите ученици од IV до VI одделение. Пријавување во ЈЛБ, Илинден” или во школските библиотеки на двете основни училишта во градот, најдоцна до 20.11.2023 година, додаде Петровска
Натпреварот за краснопис ќе се одржи на 22.11.2023 година во 12 часот во читалната на библиотеката. (МИА)