Популарниот пејач реши да направи нешто неверојатно. За ова патување Никола Роквиќ се подготвуваше долго време и се поради една цел, да собере доволно пари за да ги донира на детската онкологија.
Имено, Роквиќ пред еден месец тргна на аџилак во Егина во Грција. Тој пред точно еден месец, на 22 април, пеш тргнал од храмот на Свети Сава до својата крајна дестинација.
Никола секојдневно на својот Инстаграм профил ги споделува сите детали:
„Денеска е 30-ти ден, односно – денес е тој ден!“.
View this post on Instagram
Сопругата на Никола Роквиќ, Бојана, вчера на својот Инстаграм профил објави фотографија со децата, а во описот стои:
„Прекрасна Егина, звукот на брановите, мирисот на вегетација и тивко исчекување“, напиша таа.
View this post on Instagram
Со тоа уште еднаш нагласи колку му е поддршка на сопругот и дека таа и нејзините деца со нетрпение го очекуваат на островот.