На 21.05.2024 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.05.2024 во 22.30 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија го лишиле од слобода Ф.Р.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.05.2024 околу 18.30 часот на регионалниот пат Дојран-Валандово, на место викано „Раскрсница“ за с.Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода Ф.Ф.Ј.(36) од Ирска, затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.