Ацо Пејовиќ се појави во голем стил на промоцијата на новиот албум „Хотел туге“. Популарниот пејач во хотелот каде што се одржа медиумската презентација на проектот пристигна со луксузен автомобил.
Станува збор за скап модел на „Порше“. Пејовиќ излезе и ги поздрави насобраните фоторепортери и новинари, а потоа влезе во салата каде веќе го чекаше неговата сопруга Билјана, која не криеше колку е горда на својот сопруг.
Токму таа му купила на својот сопруг овој луксузен автомобил. Ова го откри Пејовиќ во интервју за српските медиуми:
– Жена ми ме почести. Кога пријателите ме прашуваат од каде се, велам дека жена ми ми купи подарок. И јас ѝ земав автомобил, само што е многу поскромна. Јас не го украдов, заработив, што да не покажам. Немам обврска кон никого- рече Ацо.