Македонија Врховен Суд

Познато е кој судија е уапсен поради поткуп од 10.000 евра, ветувал олеснителни мерки за поранешен функционер

Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана, објави телевизијата.

Познато е кој судија е уапсен поради поткуп од 10.000 евра, ветувал олеснителни мерки за поранешен функционер

Криминалната полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсија Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија, пренесе Сител.

Уапсен е поради пријава за мито од 10 илјади евра.

Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана, објави телевизијата.

Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.

На седницата на Судскиот совет, откако синот беше избран за судија кривичар во Скопје, Наке Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет.

Синот беше еден од 25-темина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава, објави СИТЕЛ.

Најнови вести од Македонија

To top