Свет поради смртта на претседателот Раиси

Откажани сите спортски настани во Иран

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Откажани сите спортски настани во Иран

Иранските власти одлучија да ги откажат сите спортски настани во земјата поради смртта на претседателот на земјата Ебрахим Раиси, пренесе агенцијата ИРНА.

Раиси загина во хеликоптерска несреќа. Инцидентот се случи вчера попладне.

Заедно со шефот на државата, во хеликоптерот се наоѓале и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други членови на делегацијата.

Меѓу нив се имамот на Табриз Мохамад Али ал-Хашем, шефот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, екипаж на хеликоптер и еден телохранител.

Најнови вести од Свет

To top