Раперот Паф Деди (Шон Комбс) во изминатите месеци неколку пати беше обвинет за разни видови на насилство.
Една од оние кои го обвини беше и неговата поранешна девојка Кеси Вентура, која го обвини за силување, насилство и принудување на односи со машки проститутки. Тој негираше сè, а во неочекуван пресврт на настаните, Кеси ја повлече својата тужба.
Сега Си-Ен-Ен објави вознемирувачка снимка од видео надзор, на која може да се види како пејачката набрзина оди боса низ ходник на хотел, а потоа раперот ја стигнува, ја фрла на подот и ја удира. За тоа време тој е покриен само со пешкир.
Адвокатот на пејачката се огласи по објавувањето на ова видео:
-Вознемирувачката снимка само го потврди вознемирувачкото и предаторско однесување на г-дин Комбс. Зборовите не можат да ја изразат храброста што г-ѓа Вентура ја покажа кога реши да излезе во јавноста со своето искуство, изјавил тој.
Парот беше во врска од 2005 година, кога Кеси сè уште беше тинејџерка, до 2018 година. Пејачката го тужеше раперот во ноември 2023 година, тврдејќи дека тој ја силувал, ја малтретирал и ја принудувал да има односи со машки проститутки.