Македонија Анкета на ИРИ

Мицкоски со убедливо највисок рејтинг меѓу политичарите

Интересна е довербата помеѓу политичарите. Додека високи 52% од граѓаните одговориле дека не му веруваат на ниту еден политчар, оние кои се определиле го избираат лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски со убедливо највисок рејтинг меѓу политичарите

Дури 78% од македонските граѓани сметаат дека државата се движи во погрешна насока покажува најновата анкета која ја објави Меѓународниот републикански институт ИРИ спроведена во сите 6 земји од регионот.

На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ ако денес се одржи референдум, во пет од шесте земји големо мнозинство граѓани вели ДА, и тоа од 68% во Македонија и Босна и Херцеговина па до највисоки 92% во Албанија. најниска поддршка за ЕУ има во Србија од само 40% и диру 34% кои се против

Сепак речиси секој втор македонски граѓанин смета дека Унијата нема сериозна намера да ги отвори вратите и да и понуди членство на државата.

Во однос на надворешната политика 31% од граѓаните сметаат дека таа треба да биде насочена кон Европската унија и западните држави, наспроти 23% кои сметаат дека земјава треба подеднакво да биде насочена и кон западот и кон истокот.

Економските прашања, односно трошоците за живот и високите цени и натаму се најголем проблем за граѓаните, по што следуваат корупцијата и невработеноста.

Религиозните институции и армијата се на врвот по доверба помеѓу граѓаните, додека на дното со најмала доверба се политичките партии, Собранието и судовите.

Интересна е довербата помеѓу политичарите. Додека високи 52% од граѓаните одговориле дека не му веруваат на ниту еден политчар, оние кои се определиле го избираат лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Со 14% доверба Мицкоски е на врвот на оваа листа, по што следат Ахмети, Максим Димитриевски, Стево Пендаорвски, Груевски и на шетото место на листата е лидерот на СДСМ Ковачевски.

Ако помеѓу Македонците одговорите се разделат по возрасни групи, кај младите помеѓу 18 и 35 години, зад Мицкоски на второто место по доверба е лидерот на Левица Апасиев, додека кај возрасната група над 56 години висока доверба се уште ужива екс премиерот Груевски.

Според анкетата на ИРИ телевизиите и натаму се примарен извор за информирање, а телевизија Сител останува на врвот на листата медиум со најголема доверба од речиси 40%

Анкетата на ИРИ е спроеведена пред двојните избори во земјава, односно во периодот од 2 февруари до 5 март годинава во целиот регион на Западен Балкан, а големината на промероците од земја во земја варира помеѓу 1000 и 1238 испитаници.

Најнови вести од Македонија

To top