На 13.05.2024 во СВР Тетово бил извршен службен разговор со А.К.(37) од Тетово.
Имено, на 09.05.2024 во 12.00 часот таа лажно пријавила дека околу 08.20 часот на паркинг простор од казиното каде што работела, едно лице со закана ѝ ги одзело парите од дневниот промет во казиното, а во текот на вчерашниот ден сама се пријавила во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.