Свет

Полицијата го растури протестот на пропалестинските демонстранти во Амстердам

Холандската интервентна полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремени насилни судири, соопштија властите.

Во пораките објавени на мрежата „Икс“, полицијата наведе морала да дејствува за да го растури протестот и шаторите поставени од демонстрантите кои биле насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред“, велат од полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстранти фрлаат пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко… полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсејланд“, соопшти полицијата „Икс“.

Министерот за образование во заминување, Роберт Дијкграф, рече дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

To top