Гордана Силјановска-Давкова ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Силјановска и Пендаровски остварија тет-а-тет средба, по што новоизбраната претседателка со срдечен поздрав го испрати Пендаровски од Вила Водно.
Претходно, Силјановска во законодавниот дом даде свечена заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.