Хроника

Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Б.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба на дрзок начин.

Имено, кривичните дела А.Б. ги извршил во јануари и мај оваа година на подрачјето на Центар одземајќи мобилни телефони, а еден од одземените предмети со потврда бил вратен на оштетената.

Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.

To top