Македонија реакција

ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не’ поколебаат, иднината на Македонија е во единството

ВМРО-ДПМНЕ ја повика ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.

ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не’ поколебаат, иднината на Македонија е во единството

ВМРО-ДПМНЕ се огласи, како што велат, во однос на информациите од ДУИ за можна нестабилност доколку ДУИ не остане во власта.

Од партијата истакнуваат дека жестоко ги отфрлаат неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ.

-Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби, се наведува во соопштението.

Посочуваат дека нивниот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

ВМРО-ДПМНЕ ја повика ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации.

To top