Беше голема ѕвезда во поранешна Југославија. Имаше живот полн со пресврти.
На 16 години остана без двајцата родители, а се омажи по само осум дена врска. Очекувано, бракот ѝ заврши по помалку од една година.
Снежана Бериќ, попозната во јавноста како Екстра Нена, во 1992. ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ и го освои 13-тото место во Малме.
Сними десетина албуми, а имаше забележителни настапи и на театарската сцена.
Денеска Снежана е професор на приватен универзитет каде што предава менаџмент.
Неодамна беше прашана какви емоции ѝ буди естрадната кариера која сега е веќе минато.
„Среќна сум што ова се случи во мојот живот. Пресреќна сум кога ми пристигнуваат спомени од драги колеги и композитори. Тоа е особено голем успех со оглед на тоа што тогаш имаше војна и кога нашата земја беше деградирана како земја во однос на сите други, но ние стоички ја претставивме“, изјави таа.