Според податоците на Држвната изборна комисија, во Куманово за претседателските избори, излезноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за претседателските е 1,76 за парламентарните, 7,33 отсто. Во Старо Нагоричане пак за претседателските е 11,76, додека за парламентарни изнесува 11,99 проценти.
Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.
Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.
Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.