Македонија „Отворено“ на ТВ24

Митева: Да не беа уставните измени, СДСМ ќе немаа за што да зборат во кампањата

„Македонија е демократска држава и принципот победник со победник е напуштен во не така едно далечно минато, така што не сметам дека некој сега треба да зборува дека тоа ќе биде погрешно доколку се направи коалиција со албанската опозиција, вака членот на ИК и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.

Митева: Да не беа уставните измени, СДСМ ќе немаа за што да зборат во кампањата

Доколку не постеше ова прашање СДСМ ќе немаше за што да зборуваат. Па така тие се поигруваа со граѓаните, сетете се на сликата во авион кога рекоа дека почнале преговорите. А  за уставните измени за ВМРО-ДПМНЕ е многу јасно, ниту имало ниту ќе има измени под бугарски диктат, рече  членот на ИК и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во нејзиното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ24.

Говорејќи за тоа дали формирањето на влада со албанската опозиција би предизвикало нестабилност во меѓуетничките односи, Митева со став: „Македонија е демократска држава и принципот победник со победник е напуштен во не така едно далечно минато, така што не сметам дека некој сега треба да зборува дека тоа ќе биде погрешно доколку се направи коалиција со албанската опозиција, вака членот на ИК и кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.

Митева исто таа додаде дека ДУИ се користи со таква остра реторика само затоа што смета дека тоа би им донело гласови во нивниот кампус.

„Тоа се реторики кои користат за, би кажала, за нивниот електорат. Сметаат дека така ќе ги добијат гласовите. Сметаат дека тоа е единствената теза на којашто можат да играат во рамки на политичката кампања. Јас напротив, сметам дека секоја сериозна политичка партија треба на изборите и во делот на кампањата да ја презентира сопствената програма или платформа, да ги каже оние ставови и принципи по коишто се води и така да ја побара поддршката од граѓаните. Се останато е една, би кажала, состојба којашто нив им користи, односно сметаат дека им користи, а резултатите покажаа дека не е така“, потенцираше Митева и додаде:

„Реториката на меѓуетнички тензии, ниту постоела во ВМРО-ДПМНЕ и ниту ќе постои. Решени сме дека Демократската унија за интеграција е време да замине во опозиција и тоа ќе го докажеме по завршување на изборите на 8 мај кога ќе се формира новата влада којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ во опозиција“.

Митева исто така истакна дека првата работа што ќе ја направи ВМРО-ДПМНЕ после формирање на владата е воспоставување на функционален систем, бидејќи сите граѓани без разлика на етникум се соочуваат со исти проблеми и маки.

„Со она што ние како политичка партија се соочуваме беа граѓани коишто навистина велеа дека немаме повеќе систем во државата и апсолутно се согласувам со тоа. Првата работа којашто треба да бидат свесни граѓаните е дека ќе се обидеме и дека се обврзуваме дека ќе ја направиме е да ја вратиме Македонија како држава во којашто има функционален систем. Јас често велам дека маката на граѓаните е иста дали се Албанци, Македонци, Турци, Власи, Срби или останати. Ние сите имаме иста мака по однос на тоа како да обезбедиме подобар живот, како да го прехраниме своето семејство, како да оставиме нешто на своите деца и некако треба да размислуваме како секоја алка на системот да ја подобриме. Прво да ја направиме функционална, да ја ослободиме државата од криминал и корупција, да почне да владее правото и мислам дека така ќе ја вратиме надежта“, заклучи Митева.

Најнови вести од Македонија

To top