Скопје

Денот на полицијата ќе се слави во Аеродром: Сообраќајот во овој дел од општината ќе биде пренасочуван

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Денот на полицијата ќе се слави во Аеродром: Сообраќајот во овој дел од општината ќе биде пренасочуван

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08:00 до 18:00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

-Ги повикуваме граѓаните на Аеродром заеднички да оддадеме почит кон македонската полиција на Денот на полицијата што ќе се одржи на 7 Мај во паркот „Авион” во Аеродром,  информираат од општината.

 

To top